МЗМП од денес ќе даваат бесплатна правна помош во поплавените подрачја | Правдико

Правдико

   

МЗМП од денес ќе даваат бесплатна правна помош во поплавените подрачја

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Logo_MZMP_ENGПочнувајќи од понеделник 29.08.2016 година, правниците од МЗМП ќе започнат со обезбедување на бесплатна претходна правна помош, која ќе вклучува информации и совети во врска со постапката за надомест на штетапредвидена со Законот за заштита и спасување на лицата од засегнатите места кои што претрепеле штета од поплавите во подрачјето на Општина Гази Баба.

На 18.08.2016 година, Центарот за управување со кризи ја прифати понудата на Македонското здружение на млади правници (МЗМП) за давање на претходна правна помош за граѓаните од поплавените подрачја и ги задолжи општините во регионите каде што е прогласена вонредна ситуација на криза да обезбедат соодветни простории каде би се одвивала активноста.

Тимот на МЗМП брзо и едногласно одлучи да се вклучи и да даде придонес кон побрзо и поефективно справување со штетите од поплавата од правен аспект, со ангажман на околу 25 млади правници кои ќе работат доброволно и дополнително на своите работни активности. Бројот од повеќе од 3000 засегнати домаќинства претставува предизвик со кој правниците на МЗМП прифатија да се соочат и да дадат поддршка на лицата кои се соочуваат со сериозните последици од поплавите.

Македонско здружение на млади правници е овластено за обезбедување на бесплатна претходна правна помош согласно Законот за бесплатна правна помош, а врз основа на решение на Министерството за правда на РМ бр. 11-472 од 15.06.2011 година.

Препорачуваме

Партнери на Правдико