МЗЗПР бара Ковид-19 да биде признаено како професионално заболување за сите работни места | Правдико

Правдико

   

МЗЗПР бара Ковид-19 да биде признаено како професионално заболување за сите работни места

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР) апелира на национално ниво да се иницира ревизија на процените на ризик на сите работни места, каде што има опасност од заразување вработени лица со новиот коронавирус.

Исто така, од Здружението сметаат дека заболувањето од Ковид-19 треба да биде признаено како професионално заболување за сите работни места и усогласено во Правилникот за листата на професионални болести.

„Имено, во Правилникот, во листата на професионални болести предизвикани од новиот коронавирус, опфатени се лекарите и другиот медицински персонал, ветеринарскиот персонал и другиот помошен персонал вработен во болници, лекувалиште, амбуланти и други здравствени организации во врска со негата на луѓето или во врска со работата на секцирање трупови или со заразни материјали, работи што ги врши персоналот на научномедицински лаборатории при работа со заразни материјали и персоналот при работа за сузбивање и научно истражување на заразни болести. МЗЗПР ја поздравува одлуката за дефинирање на Ковид-19 како професионално заболување во нашата земја. Но, со ваквиот пристап се занемарува Законот за безбедност и здравје при работата и се дискриминираат другите работници кои работат други професии заради тоа што, иако аргументирано може да бидат заразени од новиот коронавирус на работното место и да ја развијат болеста Ковид-19, таа нема да им биде признаена како професионално заболување“, велат од МЗЗПР.

Од таму истакнуваат дека со воведувањето професионално заболување Ковид-19 на сите заболени вработени ќе им следуваат следните законски можности: да имаат можност во полн износ од платата, отсуството од работното место да биде заведено како професионално заболување, а со тоа, во понатамошниот работен век, доколку се појават одредени компликации, тие да може да се утврдат од каде потекнуваат и да се придонесе за превенција, но и работникот да може да ги користи бенефитите на системот за лекување на последиците; по враќањето на работното место, вработените неопходно е веднаш да бидат упатени на насочени медицински прегледи, а со тоа да биде утврдена нивната преостаната работна способност.

За остварување на оваа цел, МЗЗПР писмено се обратило до Владата, Министерството за труд и социјална политика, како и до Министерството за здравство.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико