Правдико

   

На 1 октомври референдум за независност на Каталонија

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

На 1 октомври ќе биде спроведен референдум за независност на Каталонија и покрај забраната на судот, соопшти премиерот на автономната шпанска област Карлес Пучдемон.

– Прашањето кое ќе им биде поставено на Каталонците ќе гласи: Дали сакате Каталонија да биде независна држава со републиканско управување?, наведе Пучдемон, истакнувајќи дека тие имаат право на референдум за самоопределување.

Засега нема коментари од конзервативната центристичка Влада на шпанскиот премиер Мариано Рахој. Владата во Мадрид претходно соопшти дека нема да дозволи спроведување референдум бидејќи тоа е противуставно.

Пучдемон нагласи дека е подготвен на дијалог со Мадрид, но дека референдумот не е предмет на преговори.
Имено, 44,3 отсто од Каталонците ја поддржуваат независноста, а 48,5 проценти се против неа, покажува последното истражување на владиниот Институт.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико