На 100 илјади жители 395 полицајци во Македонија | Правдико

Правдико

   

На 100 илјади жители 395 полицајци во Македонија

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Домашни невладини организации реагираат за прекумерна полиција во нашата земја бидејќи според истражување на ОН просекот во светот е 300 полицајци на 100 илјади жители

5E2BD5BDB2E4814FBFC25C4611C99448

Хелсиншкиот комитет за човекови права во Македонија бара стопирање на огласот со кој е предвидено вработување на 600 нови полицајци. Еден од главните аргументи кои се во насока на стопирање на огласот за вработување на нови полицајци, според Хелсиншкиот комитет, е и тоа што само во 2012 и 2013 година во Министерството за внатрешни работи се вработиле 300 односно 400 нови кадри во полицијата.

Хелсиншкиот комитет констатира дека само во изминативе три години МВР ќе стане работодавач на нови 1.300 лица, односно дека под „команда“ на министерот за внатрешни работи се 10.755 лица, а од нив дури 6.579 се во униформа, но ако на овие бројки се додадат и најавените 600 лица тогаш вкупниот број на вработени во МВР ќе ја надмине бројката од 11.000 лица.

„Овие бројки доведуваат до заклучок дека МВР е најголемиот работодавач во Македонија и дека на секои 100.000 жители би биле ангажирани приближно 395 полицајци. Според истражување на Обединетите нации, просечниот број на овој сооднос во светот е 300 полицајци. Што се однесува на вкупниот број на вработени во МВР, според статистиката на Еуростат, македонското МВР се наоѓа на трето место по број на вработени“, се вели во заклучокот на Хелсиншкиот комитет за човекови права и притоа се појаснува дека статистиката се однесува на 38 европски држави, но и тоа дека повеќе вработени имаат само Кипар и Црна Гора.

Она што загрижува е фактот дека при објавување на огласите МВР не нуди никакво образложение за потребата од зголемување на и онака преголемата вработеност во полицијата, а граѓаните не се известени за финансиските импликации од овие вработувања кои го обременуваат државниот буџет.

„Министерството за внатрешни рабти, покрај тоа што не се консултира со заедницата, не постапува ниту согласно Стратегијата за реформи на полицијата на Владата на РМ од 2003 и анексот од 2004 година, со кој е предвидено намалување на бројот на вработени на 7.200 лица, од кои 6.000 би биле униформирани полициски службеници“, велат од Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Укажувајќи на опасноста од крајна политизација и партизација на МВР, Хелсиншкиот комитет бара повлекување на објавениот оглас за вработување и поголема посветеност во процесот на професионализација на полицијата.

Извор: Утрински Весник

Препорачуваме

Партнери на Правдико