На 18 септември продолжува судењето за „Траекторија“ | Правдико

Правдико

   

На 18 септември продолжува судењето за „Траекторија“

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

На 18 септември продолжува судењето по предметот „Траекторија“ на СЈО, на кој ќе бидат дослушани дел од 14-те прислушувани разговори што попладнево судијата Горан Бошевски одобри да се слушнат во судницата на барање на одбраната, но без присуство на јавноста.

Во попладневниот дел од рочиштето, по паузата дадена за судот да се донесе одлука за барањето за (не)слушање на спорните 14 прислушувани разговори, дел од нив сепак беа слушнати, но без присуство на јавноста.

Обвинителката Лиле Стефановска за овие спорни таканаречени „бомби“ сметаше дека не треба да се користат како докази, бидејќи биле приватни разговори, а некои и биле водени на странски јазик.

Судењето за предметот “Траекторија“, инаку, денеска продолжи по двомесечна пауза. Во Кривичниот суд присутни беа обвинетите Никола Груевски, Владимир Пешевски, Миле Јанакиески и Љупчо Георгиевски, како и обвинителката Лиле Стефановска.

За „Траекторија“ во судницата треба да се преслушаат вкупно 315 „бомби“, во случајот во кој обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски и поранешниот директор на ЈП Државни патишта Георгиевски, дека во 2012/2103 година ги пречекориле своите овластувања во постапката за избор на компанија за изградба на автопатите до Штип и до Охрид и нанеле штета на државниот Буџет од најмалку 155 милиони евра.

Извор: Радио слободна Европа

Препорачуваме

Партнери на Правдико