На 22 август почнува судењето за Чавков и пратениците за крвавиот четврток | Правдико

Правдико

   

На 22 август почнува судењето за Чавков и пратениците за крвавиот четврток

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Првото рочиште за крвавиот четврток судијката Добрила Кацарска го закажа за 22 август, соопшти кривичниот суд во Скопје.

„Првата главна расправа по предметот е насрочена за 22.8.2018 год. во 10:00 часот, а за следниот период насрочени се вкупно 37 термини за главна расправа, за што веќе се изготвуваат наредби за спровод за обвинетите кои се наоѓаат во куќен притвор како и покани за останатите странки во предметот“, се вели во соопштението на судот.

Инаку, за овој предмет на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, обвинети се 30 лица, меѓу кои Чавков и 5 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико