На 24-ти октомври во Битола започнува Школата за објективизам – Џон Галт | Правдико

Правдико

Виртуальное казино Vavada предлагает своим посетителям множество азартных игр, включая популярные слоты, рулетку и покер, а также другие развлечения. Главные достоинства Vavada - это простота использования интерфейса и обширный ассортимент игровых автоматов. Казино Vavada привлекает пользователей разнообразием бонусов и акций. Необходимо помнить о потенциальных рисках, связанных с азартными играми, и важно играть ответственно, устанавливая разумные лимиты на ставки.

   

На 24-ти октомври во Битола започнува Школата за објективизам – Џон Галт

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во среда, на 24ти октомври, во Правниот факултет, за прв пат во Битола ќе започне Школата за објективизам – Џон Галт.

Џон Галт Школата претставува образовна програма за студенти, повозрасни средношколци, и генерално млади, кои се заинтересирани да го зголемат своето знаење, и тоа во философијата на објективизмот. Во времетраење од еден семестар, околу 20 студенти на програмата ќе добијат нова перспектива на општеството, политиките, економијата, со помош на предавачите, литературата, читачкиот клуб, проекцијата на филм, и секако задачите на учесниците. Изучување на философија е една од најдобрите работи кои што млад човек може да ги прави, и тоа се со цел да го зајакне своето учеството во актуелните политички, културни и економски сфери на делување.

Џон Галт Школата вклучува едукација и активности создадени за сознавање на потребата од философија на младите, и секако со зголемување на атрактивноста на една мисловна школа на модерна философија –  Објективизам.

Објективизмот претставува интегрирана философија, составена од пет целини; метафизика, епистемологија, етика, политика и естетика. Објективистичката метафизика посочува на постоењето на објективната реалност, како реалност надвор од човековата свест, која може да се осознае со помош на сетилното забележување и употреба на разумот – како основен епистемолошки метод. Следствено, Ренд го одредува човековиот живот како вредносен стандард врз кој почива објективистичката етика; заговарајќи рационален егоизам, односно остварување на личните интереси. Поставувањето на личниот интерес е ограничено со нормата – човекот да не се жртвува за другите, а со тоа и да не ги жртвува другите за себе. Објективистичката етика издвојува дека секој човек е цел самиот за себе. Во поглед на политиката, капитализмот е одреден како општествено-политички систем кој соодветствува со објективистичката етика, што практично значи одвојување на државата од економијата и препуштање на невидливата рака на пазарот да ги регулира економските односи помеѓу поединците.

Со својата философија, содржана во нејзините текстови, романи, есеи и писма; Рeнд успева да ја провоцира јавноста. И тоа, сè со цел, да поттикне размислување и преиспитување на доминатната, алтруистичка етика, која кулминира со остварување на колективизмот и етатизмот, манифестирани во појавата на комунизмот, фашизмот, и државата на благосостојба.

Школата е бесплатна, за успешните учесниците е предвидена диплома по завршувањето на школата, а секако и можности за дополнително меѓународно вмрежување и вклучување во објективистички и либертаријански студентски движења.

Школата е во организација на Либертаниа – ЦСП, Балкански објективистички центар, Ејн Ренд Инститот и Студенти за слобода.

Препорачуваме

Партнери на Правдико