На 31 март истекува рокот за парична помош за новороденчиња во Општина Аеродром | Правдико

Правдико

   

На 31 март истекува рокот за парична помош за новороденчиња во Општина Аеродром

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Општина Аеродром ги потсетува семејствата што добиле принова минатата година дека рокот за доделување еднократна парична помош за новороденчето истекува на 31 март 2021 година.

Општина Аеродром од оваа година исплаќа по 8.000 денари за секое новороденче.

Потребни документи за аплицирање: фотокопија од извод од матичната книга на родените (за новороденчето); фотокопија од важечка лична карта или патна исправа на еден од родителите, од која се видни податоците за живеалиштето во Општина Аеродром; фотокопија од активна трансакциска сметка на истиот родител (даночен обврзник) од кој е приложена копија од личната карта или патната исправа; фотокопија од Решение за посвојување/адаптација (за семејства што посвоиле дете) и барање за доделување еднократна парична помош што може да се добие во Архивата на Општината или да се симне од веб-страницата на Општина Аеродром на следниов линк: http://www.aerodrom.gov.mk/dokumenti/formulari.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико