На 5 септември репродуцирање на „бомбите” за убиството кај Смилковско езеро | Правдико

Правдико

   

На 5 септември репродуцирање на „бомбите” за убиството кај Смилковско езеро

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Од наредното рочиште за случајот „Монструм” закажано за 5 септември, во судницата ќе започне репродуцирањето на нелегално стекнатите телефонски разговори поврзани со петкратното убиство кај Смилковско езеро.

Од страна на обвинителството на средина на јули до Кривичниот суд доставен е обемен материјал, телефонски разговори и транскрипти поврзани со убиствата кои се случија на 12 април 2012 година.

Обвинителката Фатиме Фетаи истакна дека покрај овие разговори кои до Специјалното јавно обвинителство беа доставени од страна на СДСМ, како дополнителни докази ќе бидат изведени и разговори кои ги добила на нејзиниот мобилен телефон, а биле испратени од други лица.

Случајот за петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година, во кој беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, го води СЈО.

Во претходна постапка за случајот на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута. Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, на кои им определи мерки на претпазливост.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико