Правдико

   

На денешната седница Уставниот суд расправаше за повеќе иницијативи

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Уставниот суд на денешната седница поведе постапка по иницијативата поднесена на член 84 од Колективниот договор за текстилна индустрија на Република Македонија и на член 84 од Колективниот договор во АД „Палтекс“ од Делчево.

Со одредбите се предвидува ако работникот самоволно без причини даде отказ без отказен рок, работодавачот поради нарушување  на работниот процес и настанатата штета има право да бара обесштетување во висина од една до три месечни плати во зависност од работните задачи што ги извршува работникот.

Постапката е поведена од причини што овие одредби од колективните договори не се поволни за работникот и се на негова штета.

На седницата не беше поведена постапка по иницијативата поднесена на членови од Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица, кои се однесуваат на тоа регистрацијата да може да ја вршат адвокатите. Подносителот на иницијативата бара во одредбите каде што пишува сметководител да се избрише и да остане само адвокат, кој ќе ја врши работата како регистарски агент.

Судот ја отфрли иницијативата поднесена на одредби од Законот за основање на Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка.

Извор: Нова Македонија

Партнери на Правдико