На Деве Баир пронајдени 10 килограми марихуана во возило на албански државјанин | Правдико

Правдико

   

На Деве Баир пронајдени 10 килограми марихуана во возило на албански државјанин

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

На граничниот премин Деве Баир било откриено и спречено криумчарење на околу 10 килограми марихуана, информираат од Царинската управа.

Според податоците на 27 март годинава за излез од државата се пријавил албански државјанин кој управувал автомобил со албански регистарски таблички. Возилото било селектирано за царинска контрола и по извршениот преглед во неговата внатрешност, во специјално направени бункери биле пронајдени 16 пакувања марихуана.

Царинската управа против осомничениот поднела кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство поради сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори.

Судијата на претходна постапка на осомничениот му изрекол мерка притвор во траење од 30 дена.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико