На Димче Крстев на 20 декември ќе му се суди за шлаканиците во Центар | Правдико

Правдико

   

На Димче Крстев на 20 декември ќе му се суди за шлаканиците во Центар

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

За 20 декември во кривичниот суд е закажно судењето за седмообвинетиот Димче Крстев, за кого судот на главната расправа за насилствата во општина Центар одлучи да ја раздвои постапката. Нему ќе му се суди одвоено.

Тој на минатото рочиште рече дека нема адвокат кој би го застапувал. Побара да се одложи судењето со објаснување дека се чувствува лошо и се пожали од третманот на полицијата за време на приведувањето. „Полиција влезе кај мене дома во 4 часот за присилно да ме приведе“, рече тој на претходното рочиште и додаде дека му треба време да обезбеди адвокат кој ќе го застапува пред судот. Судијката Татјана Михајлова истакна дека не ја повлекла наредбата за стражарно приведување зашто документацијата била доставена од адвокат што нема полномошно дека може да го застапува.

Крстев се изјасни дека не е виновен. Ова е втора од трите издвоени постапки за насилството пред Општина Центар. Томислав Лазаров и Јордан Ристевски од вкупно 14 обвинети ја признаа вината.

В. М.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико