На дневен ред на собраниската седница законите за намалување на казните | Правдико

Правдико

   

На дневен ред на собраниската седница законите за намалување на казните

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Собранието на Македонија денеска ќе ја одржи 64. седница на која на дневен ред се измени и дополнувања на повеќе закони по скратена постапка од областа на земјоделството, шумарството, здравството, труд, внатрешни работи и други со кои се врши усогласување со одредби на Законот за прекршоци.

11212449_1460593210922452_333139703_n

Пратениците треба да ја констатираат потребата за носење на измените и дополнувањата на Законот за идентификација и регистрација на животните, на Законот за безбедност на храната за животни, на Законот за сточарството, на Законот за нуспроизводи од животинско потекло, на Законот за виното, на Законот за заштита и благосостојба на животните, на Законот за органско земјоделско производство, на Законот за ветеринарно – медицински препарати и други, по скратена постапка.

На дневен ред се измените и дополнувањата на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции, на Законот за земање и пресадување на делови на човечкото тело заради лекување, на Законот за хемикалии, на Законот за прекинување на бременоста, на Законот за прекурзори, на Законот за јавно здравје, на Законот за заштита од јонизирачко зрачење и радијациона сигурност и други сите по скратена постапка.

Извор: 24Вести

Препорачуваме

Партнери на Правдико