Правдико

   

На две дански политичарки им се заканува казна затвор поради помагање на мигранти

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

10629746-byrds-politiker-brd-loven-og-husede-flygtninge---1Две дански локални политичарки, Марија Слот и Ана Хегелунд, се обвинети за кршење на законите за имиграција на нивната земја со тоа што им помогнале на двајца африкански бегалци.

Слот и Хегелунд, кои делат заеднички стан, во септември минатата година, засолниле двајца Африканци во текот на ноќта, а следниот ден тие купиле билети за траект до Норвешка, објавија данските медиуми.

Кога Слот, инаку член на левичарската црвено-зелена Алијанса и на Градскиот совет во Архус, кога ја раскажа приказната на локалниот весник “Arhus Stiftstidende”, нејзиниот колега од Градскиот совет и Конзерватиец Марк Перера Кристенсен ги пријавил во полиција.

Тој во пријавата наведе дека Слот и Хегелунд, која е исто така член на Црвено-зелена алијанса го прекршиле законот со тоа што му помогнале на луѓето нелегално да престојуваат во Данска.

“Во овој случај се работи за олеснување на нелегалниот транзит и престој, и затоа бараме притвор”, изјави јавниот обвинител Џејмс Нилсен, но додаде дека обвинителството е подготвено наместо притвор да платат парична казна од 5.000 круни (670 евра) бидејќи приливот на бегалци претставувало “специјална околност”.

Партнери на Правдико