На едно гласачко место во Чаир ќе има прегласување
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Државната изборна комисија на денешната седница ќе го разгледа и, најверојатно, ќе го усвои решението за повторување на гласањето во избирачкото место 2901 во општина Чаир.
Управниот суд донел одлука за прегласување на ова избирачко место со образложение дека резултатот може да влијае врз конечниот изборен резултат за оваа општина. Гласањето ќе се одржи в недела, 12 ноември.
Во избирачкото место 2901 кандидатот на ДУИ, Висар Ганиу, освои 98 гласа, а кандидатот на Беса, Зеќирија Ибрахими – 164 гласа.
На ниво на цела општина Висар Ганиу освои 13.916, а Зеќирија Ибрахими 13.707 гласа.
Исто така, на дневен ред на седницата на ДИК е заклучок за известување за конечност на резултати од гласањето во вториот изборен круг, одржан на 29 октомври, по донесувањето пресуди и решенија на Управниот суд по поднесените тужби.
Извор: Макфакс