Правдико

   

На генералниот секретар на СДА му е одреден притвор од еден месец

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

На генералниот секретар на Партијата за демократска акција (СДА), Амир Зукиќ и неговиот возач Сеид Фазлагица, Општинскиот суд во Сараево им одреди еден месец притвор на предлог на Обвинителството на Кантонот Сараево


Притворот за Зукиќ и Фазлагиѓ се одреди поради опасност од влијание врз сведоците, прикривање на докази и опасност од повторување на кривичното дело.
Зукиќ и Фазлагица минатата недела беа уапсени од страна на Министерството за внатрешни работи на Кантонот Сараево по налог на Обвинителството на Кантонот Сараево.

Зукиќ е обвинет заедно со Сафет Бибич поради организирање група која се состои од повеќе луѓе за нелегално вработување на лица и членови на партијата во јавни претпријатија, додека Фазлагиќ е обвинет за “помош на сторителот по извршувањето на кривичното дело“.

Партнери на Правдико