На граничниот премин Долно Блаце приведен Косовец кој се барал со меѓународна потерница
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Во текот на вчерашниот ден на граничниот премин Долно Блаце од страна на надлежните било приведено едно лице на возраст од 26 години, со иницијали А.С., за кое претходно била издадена и меѓународна потерница, информираа од полицијата.
Во 17 часот и 45 минути лицето е предадено на полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка за понатамошна постапка, се вели во соопштението од полицијата.
Извор: Макфакс