На Груевски ќе му се суди во отсуство за „Титаник“ | Правдико

Правдико

   

На Груевски ќе му се суди во отсуство за „Титаник“

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Денешното судско рочиште за предметот „Титаник“ не почна навреме, бидејќи доцнеше спроводот на притворените Миле Јанакиески и Кирил Божиновски од притворот во Шутка. На поранешниот премиер Никола Груевски, кој избега и доби политички азил во Унгарија, ќе му се суди во отсуство.

Судот претходно го одби предлогот на одбраната на Груевски да му се суди во раздвоена постапка како неоснован, а за мерката притвор посочи дека ќе се произнесе кога ќе се создадат услови за тоа. Претходно, судијата Осман Шабани констатира дека обвинетиот Никола Груевски не е достапен на органите на прогон и за тоа има писмено известување.

Застапникот на обвинението Лиле Стефановска, рече дека предлогот на одбраната за раздвојување на постапката против обвинетиот Груевски не треба да биде прифатен, бидејќи нема правна основа. Бранителот Боро Тасевски, во однос на предложената мерка притвор за Груевски, рече дека веќе има произнесување на два правни системи од две држави од ЕУ кои велат дека на обвинетиот Никола Груевски не треба да му се суди во овие постапки и наместо да се размислува за сериозноста на овие аргументи во Македонија се бараат уште најстроги мерки за судење во отсуство и мерката притвор.

Во „Титаник“ за злосторничко здружување и изборни нерегуларности освен поранешниот премиер Никола Груевски, обвинети се повеќе лица, меѓу кои и екс министрите Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска.

Извор: Радио слободна Европа

Партнери на Правдико