На интернет-страницата на Министерството за одбрана објавени голем број документи од интерес за јавноста
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Министерството за одбрана на својата интернет-страница објави поголем број документи од интерес за јавноста, со што ја потврдува својата заложба за целосна транспарентност и отчетност кон граѓаните.
На интернет-страницата првпат може да се најдат стратешки документи од областа на одбраната, буџетот на Министерството, ревизорските извештаи и инспекцискиот надзор, планот за јавни набавки како и информации, во согласност со Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер, листата на активни регистри и информации, барања и обрасци за доброволно служење воен рок.
Сите јавнодостапни документи од областа на Министерството за одбрана може да се најдат на www.morm.gov.mk во главното мени на документи.
На својата 34-та седница Владата ги задолжи сите министерства на своите интернет-страници да ги објават ваквите и слични документи и голем дел од нив веќе е јавно достапен.
Извор: Макфакс