На Јанкулоска ќе ѝ се суди одвоено за „Тенк“ поради потврдата за ризична бременост
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.На поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, ќе ѝ се суди одвоено за случајот „Тенк“, кој се однесува на набавката на луксузниот „мерцедес“. Јанкулоска денеска не се појави на закажаното рочиште за „Тенк“, а одбраната го оправда нејзиното отсуство со потврда од лекар за ризична бременост.
По увидот во лекарското уверение од страна на СЈО, специјалните обвинители побараа раздвојување на постапката за Јанкулоска, односно да ѝ се суди одвоено, а судот го одобри ваквото барање.
На ова реагираа адвокатите на другите обвинети, експремиерот Никола Груевски и поранешниот помошник за внатрешни работи, Ѓоко Поповски, кои рекоа дека се против барањето за раздвојување на постапката бидејќи сметаат дека Јанкулоска е важна за нивната одбрана.
Инаку, по одлуката во врска со Јанкулоска, судот донесе решение главната расправа да продолжи.
Извор: Макфакс