На Јанукович му се суди за предавство на Украина
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.На поранешниот украински претседател Виктор Јанукович му се суди во отсуство под обвинение за велепредавство.
Судењето во Киев започна денеска, при што двајца адвокати го застапуваат обвинетиот. Јанукович ја напушти функцијата при крајот на февруари во 2014 година и избега во Русија во услови на масовни протести во земјата како резултат на неговата одлука да се откаже од договорот со ЕУ со цел да ги зголеми на трговските врски со Москва.
Тој се уште се наоѓа во Русија и се товари за предавство и за прекршување на сувереноста и територијалниот интегритет на Украина, како и за поттикнување на агресија од страна на Русија. Според обвинителството, клучен доказ е писмото во кое Јанукович побарал руските власти да интервенираат во земјата.
Извор: Радио Слободна Европа