На Косово вонредни избори ако до 7 март не биде избран претседател
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Ако до 7 март Собранието не избире претседател на Косово, ќе бидат распишани предвремени парламентарни избори, проценуваат аналитичарите.
Собранието на Косово во наредниот период ќе се соочи со два големи предизвици – ратификацијата на договорот со Холандија во врска со Специјалниот суд и на изборот на претседател.
Во двата случаи, опозицијата најави дека ќе биде против одржување на состаноци со таа агенда и ќе стори сé за да се спречи нивното одржување.
Алберт Красниќи од косовскиот Демократски институт, кој ја следи законитоста на работата на Собранието на Косово, рече дека претседателот треба да биде избран до 7 март, и дека во спротивно ќе бидат распишани предвремени парламентарни избори.
“Уставот гарантира дека во случај парламентот да не успее да избере претседател, оди на предвремени парламентарни избори во рок од 45 дена од денот на распуштањето на Собранието”, изјави Красниќи за Гласот на Америка на албански јазик.
Извршниот директор на Балканската група за политички студии Наим Рашити смета дека главниот проблем на Косово е политичката клима , бескомпромисната борба меѓу власта и опозицијата, како и недостаток на политичка волја да се постигне договор.
Според него, процесот на избор на претседател на Косово нема да биде лесен.