На лажни Фејсбук профили ставал невкусни коментари и фотографии од екс-девојката | Правдико

Правдико

   

На лажни Фејсбук профили ставал невкусни коментари и фотографии од екс-девојката

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Tетовец поради прекин на љубовна врска се обидел на лажни Фејсбук профили да објавува фотографии од својата екс-девојка на кои подоцна ставал невкусни коментари.

Поради ова СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ф.И. (22) од Тетово.

Полицијата го товари за  сторено  кривично дело „злоупотреба на лични податоци“. Пријавениот, откако ја прекинал љубовната врска со М.М. (21) од Тетово, креирал два лажни Фејсбук профили и еден профил на Инстаграм на нејзино име, на кои прикажувал фотографии на оштетената и разни коментари, а со намера да им наштети на нејзините чест и углед.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико