На Малта запленети 1,5 тони кокаин во контејнер со банани за Словенија
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Малтешките цариници заплениле рекордни 1,5 тони кокаин, проценет на 300.000.000 евра, скриен во контејнер со кој се превезувале банани од Колумбија во Словенија, објави малтешкиот весник „Малта тудеј“.
Цариниците заплениле 50 вреќи со речиси 1.500 пакувања од по еден килограм кокаин на брод што пловел за Копер во Словенија.
Случајот го истражува Одделот за наркотици при полицијата на Малта, пренесува СТА.
Царината соопшти дека заплената е рекордна по обем и вредност, многу поголема од пратката од 800 килограми кокаин запленета во истото пристаниште минатиот месец.
Извор: Макфакс