На Малта запленети 144 килограми кокаин, требало да пристигне во Црна Гора и Албанија | Правдико

Правдико

   

На Малта запленети 144 килограми кокаин, требало да пристигне во Црна Гора и Албанија

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Повеќе од 144 килограми кокаин беа запленети во пристаништето на Малта, а дрогата беше пронајдена во контејнери чии последни дестинации беа Албанија и Црна Гора.

„Тајмс оф Малта“ вели дека контејнерите потекнуваат од засега непознати локации во Јужна Америка.

Во саботата царинските службеници открија 40 пакети кокаин со тежина од 48 килограми во два контејнера, а во третиот, кој требаше да пристигне во Бар во Црна Гора, беа пронајдени 80 пакети со тежина од 96 килограми.

Проценетата вредност на запленетата дрога изнесува околу 16 милиони евра.

За случајот е почната истрага.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико