Правдико

   

На патот Стење-Царев Двор, ресенско, запленети околу 23 килограми марихуана

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

На 19.05.2019 околу 22.00 часот на патот с.Стење-Царев Двор, во близина на с.Козјак, ресенско, по добиени оперативни сознанија, полициски службеници од СВР Битола ги затекнале лицата Б.Г(46) и В.А(56), двајцата од Република Албанија, со живеалиште во Охрид, со товарно возило „Мерцедес Вито” со бугарски регистарски ознаки и едно лице кое управувало патничко возило „Мерцедес“.

Лицето со патничкото возило побегнало од местото, при што во близина на с.Долна Бела Црква од возилото фрлило две торби со околу 23 килограми марихуана. Б.Г. и В.А. биле приведени и задржани во полициска станица и по целосно расчистување на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. Товарното возило „Мерцедес Вито“, торбите со марихуана и други предмети биле одземени за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за пронаоѓање на третото лице и патничкото возило и за целосно расчистување на случајот

Партнери на Правдико