Правдико

   

На плажа во Нов Зеланд пронајден кокаин вреден неколку милиони долари

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Новозеландската полиција соопшти дека во текот на изминатата ноќ бил пронајден многу скап товар на популарната плажа во Оукланд.

Деветнаесет пакети кокаин во вредност од 3 милиони новозеландски долари (1,9 американски долари) биле пронајдени утрово насукани на плажата, оддалечена 30 километри западно од центарот на градот Оукланд.

„Постои веројатност на плажата да се појават уште пакети, затоа ги замолуваме граѓаните веднаш да не контактираат ако ги пронајдат“ рекол детективот Колин Парментер.

Според глобално истражување за дроги, објавено оваа година, се наведува дека Нови Зеланд е најскапата земја за купување кокаин. Истражувањето покажало дека Новозеланѓани во просек плаќаат 375 долари за грам кокаин, што е речиси четири пати повеќе од цената за која се продава истата количина во САД.

Извор:Макфакс

Партнери на Правдико