На полноќ завршува увидот во Избирачкиот список и пријавувањето на иселениците | Правдико

Правдико

   

На полноќ завршува увидот во Избирачкиот список и пријавувањето на иселениците

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

До Државната изборна комисија преку веб апликацијата www.dijaspora.sec.mk, досега се пријавени 2.437 граѓани за гласање во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство. Од нив, 2392 пријави се прифатени, 39 се одбиени, а останатите пријави се во обработка.

Најголем број пријави се за гласање во Берн – 256, Љубљана – 213, Лондон – 127, Торонто – 136, Виена – 108, Канбера 99 итн. Пријавувањето трае до вечер на полноќ. Гласањето во странство ќе се спроведе на 29 септември во дипломатско-конзуларните претставништва и конзуларните канцеларии на Република Македонија во кои се прифатени најмалку 10 пријави за гласање.

Од ДИК информираат и дека заклучно со вчерашниот ден вкупно 4.959 граѓани извршиле увид во податоците во Избирачкиот список. Најголем број граѓани увид извршиле во Струмица – 509 , Битола – 454, Карпош – 431.

Извор: Радио Слободна Европа

Партнери на Правдико