Правдико

   

На пунктовите во „Јане Сандански“ и Ченто се тестирале 154 лица за коронавирус

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Откако беа отворени двата пункта за земање брисеви за коронавирусот, неделава се тестирале вкупно 157 граѓани , од кои 107 во поликлинката „Јане Сандански“ и 47 на пунктот во Ченто.

Како што информираше директорот на Центарот за јавно здравје, Арбен Зибери, на овие лица претходно им била извршена епидемиолошка анкета, по што преку матичните лекари со „Мој термин“ биле упатени на замање брисеви за спроведување на тестот.

„Во изминатите 4 дена како е отворен пунктот во ‘Јане Сандански’ бројките се следни 20, 28, 28 и 31 лице. Во ‘Јане Сандански’ имаше уште две лица пријавени за тестирање, но тие не се појавиле на терминот. Во Ченто, тестирањето почна ден подоцна и таму имаме 11 во вторник, 16 лица в среда и 18 вчера. Резултатите од денешниот ден ќе ги имаме подоцна затоа што тестирањето се врши од 8 до 14 часот и немаме конкретен податок колку лица имаат закажано“, информираше Зибери.

Тој вели дека во контакт-центирите се јавувале граѓани без симптоми на вирусот и барале да се тестираат. Зибери порачува да се надмине паниката затоа што во Центарот за јавно здравје има стручен тим кој врши проценка дали лицето треба или не треба да подлежи на тест за коронавирусот.

„Има случаи каде што граѓаните сакаат да се тестираат, но немаат симптоми според кои би добиле термин. Сакам да апелирам да не се создава непотребна паника кај населението. Како што кажав, првиот филтер пациентот го минува кај својот матичен лекар. Треба да се јави кај лекарот да ги каже симптомите и согласно податоците, матичниот лекар веќе го има електронскиот алгоритам кој ќе укаже на тоа дали е потребно тестирање или не. На пукнтовите исто така се врши уште една проверка на пациентот од страна на епидемиолог, а лаборантот зема брис од нос и грло и потоа примерокот се праќа на анализа во Центарот за јавно здравје“, додава директорот Зибери.

Како што информираше првиот човек на Центарот за јавно здравје, во понеделник ќе биде отворен уште еден дисперзиран пункт за тестирање на коронавирусот во поликлиниката Чаир. Градот Скопје го покриваат и 12 мобилни тимови на терен, кои работат во смени и земаат брисеви од лицата кои се во самоизолација, а за кои постои сомнеж дека евентуално се позитивни на коронавирсот.

Од Здравствениот дом Скопје, пак, кој се стави на располагање со обезбедување простор за спроведување на тестирањата, најавуваат дека на Центарот за јавно здравје ќе му биде отстапена клиниката Идадија, која се очекува да биде ставена во функција идната недела.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико