На рака се делеле предмети во Кривичниот и Врховниот суд
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.На рака се делеле предмети во кривичниот и врховниот суд, покажа извештајот на работната група на АКМИС – Автоматизиран информациски систем за управување со судските предмети, што на прес-конференција го презентираше министерот за правда, Биљен Саљији.
Согласно извештајот, само во Кривичниот суд за 2 години, 10 пати се менувал распоредот на судии, а во Врховен само во септември 2017, распоредот на судии бил сменет 9 пати.
Судии кои судат кривични предмети биле префрлани во граѓанскиот оддел на Врховниот суд, а за 860 предмети во кривичниот не бил доделен судија.
Предметите биле доделувани само со јавување на претседателот на судот во писарницата и со негов потпис.
Саљији рече дека на тој начин, наместо случаен, се добивал очекуван избор на судии.
В.Маглешов
Извор: Макфакс