На ред за проверка е системот за распределба на судски предмети во Врховниот суд | Правдико

Правдико

   

На ред за проверка е системот за распределба на судски предмети во Врховниот суд

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Работната група од Министерството за правда, предводена од судијата Лазар Нанев, ја завршила проверката во кривичниот и Апелационот суд во Скопје, потврдуваат за „Макфакс“ оттаму.

Велат, останува уште проверката на системот во Врховниот суд. Од Министерството за правда велат дека сè уште се договараат кој ден да биде посетата на Врховниот суд за да се спроведе увидот во електронскиот систем за распределба на предмети. Откако Комисијата ќе ги направи проверките и во највисокиот суд, ќе излезат со заклучоци за сите три судови.

Првичната проценка на Министерството за правда покажа дека 860 судски предмети воопшто не влегле во АКМИС системот и не биле електронски распределени кај судиите. Откако беше формирано Специјалното јавно обвинителство, најголемиот број нивни предмети беа распределени на едни исти судии. „Макфакс“ објави дека Специјалното јавно обвинителство побарало информации за опциите и функциите на апликацијата од фирмата за софтвер „Едусофт“, која го изработи и го сервисира системот за распределба на судските предмети познат како АКМИС.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико