На што да внимавате кога купувате на распродажба или попуст | Правдико

Правдико

   

На што да внимавате кога купувате на распродажба или попуст

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Сите го сакaат купувањето на распродажба. Тоа е особено добредојдено во кризните економски времиња, па голем број продавници сè почесто се обидуваат да го привлечат нашето внимание со распродажба.

SaleOff-650x650Што е тоа што треба да го знаеме кога купуваме на распродажба или попуст?

1. Зошто еден производ се става на распродажба?

Вообичаено, доколку производот е сезонски, доколку е со изминување на рокот или од комерцијални причини.

2. Како е правилно да се изрази распродажбата во износ или во процент?

Распродажбата, односно намалувањето на цените, може да биде изразено или во износ или во процент, а притоа цените треба да бидат реални и вистинити.

3. Распродажбата треба да се означи

Означувањето може да се направи на еден од следниве начини:
• Новата цена се наведува покрај видливо прецртаната претходна цена;
• Со наведување на зборовите ,,нова цена‘‘ и ,,стара цена‘‘;
• Со наведување на % на намалување на цената и наведување на новата цена покрај видливо прецртаната претходна цена;
• Со наведување на процентот на одобреното намалување за секој одделен производ или услуга или за секоја наведена категорија производи или услуги.

Како претходна цена се смета цената која трговецот ја применувал 30 дена пред отпочнувањето на распродажбата на производите.

Пример: Продавачот продава јакна по цена од 1500,00 денари. По три месеци јакната ја намалува на 1000,00 денари и оваа цена ја користи 30 дена или повеќе. Кога продавачот сака да направи дополнителен попуст, тој треба да направи
попуст на јакната на овие 1000,00 денари затоа што оваа цена ја применувал 30 дена пред да отпочне новиот попуст. Честопати ова не е вака, па продавачите нe прават попусти на цената на производите по која ги продавале триесет дена,
туку на нивната почетна цена на продажба. Затоа излегува дека производот е намален, на пример, и до 40 %, а всушност тој е намален само 20%.4. Производите кои се на распродажба треба физички да се одвојат

saleТрговецот мора физички да ги одвои производите кои се на распродажба од оние кои не се. Тој мора на видно и јасно место да истакне натпис дека производите се на распродажба.Ако производите кои се ставени на распродажба се со грешка, мора да истакне натпис со кој ќе се запознае потрошувачот во што се состои грешката на производот.

Исто така, трговецот мора физички да ги одвои производите кои се на распродажба поради изминување на рокот на употреба на посебен простор со јасно и на видно место истакнато известување за причината за намалувањето
на цените и крајниот рок на употреба на производот.

Не сите распродажби се вистинити. Трговијата на мало честопати користи разни техники под називот распродажба за да го намами потрошувачот и да го доведе во заблуда и тогаш тоа преминува во нефер трговска практика. На што треба да внимаваат потрошувачите

• Прошетајте по продавниците. Следете ги цените подолго време. Единствено на овој начин ќе бидете во тек и ќе знаете дали распродажбата е вистинита.

• Внимавајте на лажните попусти или лажните огласувања од страна на трговците. Чести примери се оние за попусти во продавниците и до 70%.

Притоа, граѓаните, мислејќи дека ќе купат производи со толкав попуст, влегуваат во продавницата и се разочаруваат кога ќе видат дека само мал дел од производите имаат ваков попуст иако на целиот излог стојат огромни натписи кои наведуваат да помислите дека овој попуст важи за сите производи. Дури во моментот кога ќе стигнете на касата гледате дека попустот важи само за одредени производи, а не за тие кои сте ги одбрале. Во тој случај навистина се чувствувате непријатно изненадени. Многу често по излозите гледаме и натписи како што се „тотална ликвидација„ поради преселба и затворање на продавницата која потоа продолжува нормално да функционира на истото место.

• За производот кој е на распродажба важат истите законски одредби како и за секој друг производ, така што потрошувачот може да го оствари своето право како и за производ кој не е на распродажба. Освен во случаи кога е нагласено дека производот има недостаток. Тогаш потрошувачот купува на свој ризик.

• Внимавајте, старата цена мора да биде јасно напишана и прецртана, а новата јасно видлива и читлива.

• Производ кој е на распродажба треба да ги има сите придружни документи како и производот кој не е на распродажба.

• Можете да побарате од продавачот појаснување зошто производите се на распродажба.

• Доколку имате проблем, може да се обратите во ОПМ или во надлежната инспекција, во зависност од видот на производот кој сте го купиле.

Извор: Распродажба на производи, Организација на потрошувачите на Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико