На скопскиот аеродром приведени мајка и син, депортирани од Шведска
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.На граничниот премин Аеродром Скопје, како депортирани лица од Шведска допатувале М.Ш.(38) од Скопје и нејзиниот 11-годишен син. Тие заминале во Шведска во 2014 година и побарале азил, но не им било прифатено барањето и биле вратени во Македонија.
По извршена проверка било констатирано дека М.Ш. се наоѓа на листа со мерка „апси“, додека момчето се наоѓа на листата „исчезнато лице“.
Лицата се приведени, по што момчето било предадено на инспектор за малолетничка деликвенција за понатамошна постапка, додека М.Ш. била предадена на полициски службеници од Полициската станица Гази Баба за спровод до Казнено-поправната установа „Идризово“.
Извор: Макфакс