На смрт осудени 529 членови на Муслиманското братство
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.
Египетски судски извори соопштија дека на смрт се осудени 529 членови на забранетото исламистичко движење Муслиманско братство
Судот во градот Минја, пресудите ги изрекол за различни обвиненија: убиство на полицаец, обид за убиство на двајца негови колеги, напад врз полициска станица и за други акти на насилство.
Од вкупни 545 обвинети, пред судот се појавија над 150, додека останатите беа судени во отсуство. Шеснаесет лица беа ослободeни од обвиненијата.
Пресудите може да бидат обжалени.
Адвокатите на судените се жалеа дека немале можност да ги изложат своите аргументи.
Голем број приврзаници на движењето Муслиманско братство на соборениот претседател Мохамед Морси беа уапсени во насилните протестите во Минја, што беа организирани по стотиците убиени исламисти во демонстрациите во главниот град Каиро, во август минатата година.
Извор: Нова Македонија