Правдико

   

На социјалните мрежи договориле состанок, кога се сретнале се обидел да ја силува

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Дваесет и седумгодишна велешанка вчера во полиција пријавила дека прилепчанец на возраст од 31 година се обидел да ја силува. Како што кажала во полиција, двајцата претходно оствариле комуникација на социјалните мрежи и договориле средба во Велес.

Со автомобилот на прилепчанецот отишле на костурницата во Велес каде што тој ја присилувал на сексуален однос. Откако, го одбила, почнал да ја удира. Девојката паднала во безсознание, по што напаѓачот ја оставил во близина на Младинскиот парк и заминал во непознат правец.

Со возило на итна медицинска помош девојката била пренесена во болница. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико