На судењето за „Дива населба“ сведочеше командант Соколи | Правдико

Правдико

   

На судењето за „Дива населба“ сведочеше командант Соколи

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Судскиот процес за случајот „Дива населба“ денеска продолжи со сведочење на обвинетите за тероризам.

Сами Укшини, кој е еден од обвинетите во овој случај, изјави дека не се чувствува виновен, бидејќи не командувал со групата. Додаде дека бил еден од организаторите на конфликтот од 2001-та година, а во 2015-та година му бил вршен притисок од групата од Куманово да дејствува за спроведување на Охридскиот договор. Според неговите кажувања, групата требало да помогне во спроведувањето на договорот и било планирано на таа тема да одржат и прес-конференција. Ушкини или попознат како командант Соколи вели дека не знае дали имале поддршка од некоја политичка партија, оти, како што вели, не бил организатор на групата.

На 9 и на 10 мај 2015 година во кумановската Дива населба вооружена група се судри со безбедносните сили. Во престрелката загинаа осум полицајци од специјалните и посебните единици на МВР, додека четириесетина беа тешко повредени. Убиени беа и десет лица од вооружената група.

Извор: Радио Слободна Европа

Препорачуваме

Партнери на Правдико