Правдико

   

На Табановце спречен обид за шверцување златен накит вреден 30.000 евра

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално внесување златен накит вреден 30 илјади евра, информираат од Царинската управа.

Според податоците, на 31 јануари на граничниот премин Табановце службениците извршиле претрес на лицето Т.М., македонски државјанин пријавен за влез во Република Македонија. При претресот во предниот лев и десен џеб од јакната што лицето ја носело на себе царинските службеници пронашле непријавен златен накит, две лири и употребуван рачен часовник „ролекс-тудор“, завиткани и врзани во чорапи. Според првичното вештачење, вредноста на златниот накит се проценува на над 29 илјади евра.

Инспектори од одделението за истраги при Царинската управа утврдиле дека осомничениот златниот накит го купил од Италија, каде што привремено живеел и работел, за цена од 20 евра за еден грам. Против осомничениот била поднесена кривична пријава за сторено кривично дело шверцување.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико