Правдико

   

На третиот по ранг во Ватикан ќе му се суди за сексуално злоставување

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во Австралија започнува судски процес против третиот човек во хиерархијата на Ватикан Џорџ Пел, кој е обвинет за сексуални злоставувања што ќе трае 10 недели.

Окружниот суд во државата Викторија ќе одржи втор состанок на 16 мај, на кој ќе се планира процесот.

Кардиналот Пел, кој е финансиски советник на папата и шеф за финансии, се јави во суд во Мелбурн, каде ќе се води процесот.

Судијата Белинда Волингтон вчера побара тој да се појави во судот откако увиде дека тезата на обвинителите е доволно силна за да има судски процес.

Волингтон отфрли околу половина од обвиненијата, но детали за нивната содржина и колку се на број, не беа јавно објавени.

Доколку судот прифати, посебни пороти ќе ги слушнат обвинувањата против кардиналот Пел, кои се однесуваат на времето кога бил свештеник во Баларат во 70 тите годин и кога бил архиепископ во мелбурн во 90 тите.

Пел (76) се изјасни дека е невин.

Извор: НоваТВ

Партнери на Правдико