На удар предлогот на германската влада да се олесни добивањето државјанство | Правдико

Правдико

   

На удар предлогот на германската влада да се олесни добивањето државјанство

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Измените на законот за германско државјанство наидоа на критики и противење од редовите на конзервативната опозиција, но и најмалите членови на владејачката коалиција, и покрај фактот што оваа реформа беше меѓу клучните ветувања на трипартиската коалиција. Германската влада на 25 ноември објави дека работи на планови за поедноставување на добивањето државјанство преку забрзување на натурализацијата на имигрантите и овозможување на двојно државјанство, пренесува агенцијата Франс прес.

Според предложените нови правила, натурализацијата би била можна по пет години престој во земјата наместо сегашните осум за луѓето за кои се смета дека особено добро се интегрирале во германското општество. Децата родени во Германија автоматски би станале државјани доколку еден од родителите имигранти легално живее во земјата најмалку пет години.

Министерството за внатрешни работи, исто така, планира да ги олесни некои јазични барања за постарите имигранти и да им олесни на луѓето да имаат повеќекратно државјанство. Како што истакнува АФП, реформата на законот за државјанство беше едно од клучните ветувања на коалициската влада на канцеларот Олаф Шолц, кога таа дојде на власт под водство на неговата Социјалдемократска партија пред една година. Промените беа предложени во време кога Германија, со сè постарото население, се соочува со сериозен недостиг на работници во бројни економски сектори, според АФП, што укажува дека германското Министерство за труд предвидува дека до 2026 година ќе има недостиг од околу 240.000 квалификувани работници во најголемата европска економија.

Германските конзервативци го обвинија Шолц дека им дал нов поттик на луѓето да дојдат илегално преку Средоземното Море или Западен Балкан. Германија е главната дестинација за влез на баратели на азил и нерегуларни мигранти во Европската унија, посочува лондонскиот весник, наведувајќи дека бројот на илегални мигранти во ЕУ е зголемен за 73 отсто во текот на минатата година.

Извор: Радио слободна Европа

Препорачуваме

Партнери на Правдико