Правдико

   

На угостител му се заканува казна оти не се придржувал до препораките

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Основното јавно обвинителство Гостивар до Основниот суд Гостивар поднесе предлог за издавање казнен налог против управител на правно лице – угостителски објект, обвинет дека сторил кривично дело – непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот на 16 март послужувал храна на гостин седнат на маса во внатрешноста на неговиот угостителски објект, умислено не постапувајќи според писмената наредба на Министерството за здравство, со која се определуваат мерки за спречување или сузбивање на пандемијата на опасната заразна болест – коронавирусот (Ковид-19).​

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико