Правдико

   

На Вранишковски ќе му се суди од почеток

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Врховниот суд ги укина и првостепената и правосилната пресуда за наводни проневери на 14 милиони денари.

7F88832A4167E248AFCCBCD624D200F5

На расчинетиот владика Јован Вранишковски, повторно ќе му се суди за наводни проневери на 14 милиони денари. Врховниот суд ја укина и пресудата на Кривичниот суд во Скопје за тригодишната затворска казна на Вранишковски, како и второстепената одлука на Апелацискиот суд со која беше потврдена пресудата. Како што информираат од скопскиот Основен суд, одлуката на Врховниот суд вчера стигнала до нив, иако седницата била одржана на 26 февруари годинава. Како што велат од Кривичниот суд, со одлуката се дадени инструкции како треба да постапува судот во повтореното судење што треба да се отвори за овој предмет.

„Во инструкциите на Врховниот суд стои дека при повторното постапување, првостепениот суд е должен повторно да ги изведе предложените докази, да ги отстрани противречностите, да даде јасно и непротивречно образложение за сторување на кривичното дело перење пари, за кое Јован Вранишковски е прогласен за виновен и осуден“, стои во соопштението од Кривичниот суд.

Вранишковски доби три години, додека другите обвинети добија условни казни. Пред три месеци, расчинетиот владика беше пуштен на слобода од „Идризово“. Тој доби условен отпуст на барање на директорот на затворот, поради тоа што одлежа повеќе од половина од казната, доброто поведение и здравствената состојба. Ослободувањето на Вранишковски беше иницирано по средбата на поглаварот на МПЦ, г.г. Стефан, со претседателот на Одделот за надворешни работи на Московската патријаршија, митрополитот Иларион. По оваа средба МПЦ побара Вранишковски да биде ослободен од натамошно издржување на затворската казна. Кратко по излегувањето од затвор, Вранишковски замина на лекување во Москва по повик на патријархот Московски и на цела Русија, Кирил, и со благослов на патријархот српски Иринеј.

Во јули минатата година, како првообвинет во случајот „Расколник“, Вранишковски беше осуден на три години затвор.

Извор: Утрински Весник

Партнери на Правдико