На врвот на ВМРО-ДПМНЕ за „Титаник“ ќе му суди судијата Осман Шабани | Правдико

Правдико

   

На врвот на ВМРО-ДПМНЕ за „Титаник“ ќе му суди судијата Осман Шабани

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Првиот и најсложен предмет на специјалното јавно обвинителство за изборни измами, „Титаник“, ќе го суди судијата Осман Шабани од oдделот за организиран криминал и корупција, потврдуваат од кривичниот суд за „Макфакс“. Термин за првото рочиште сè уште не е одреден. На судијата Шабани ова му е трет предмет на СЈО. Освен „Титаник“, Шабани ги суди и предметите „Топлик“ и „Тендери“.

Во предметот „Титаник“ обвинети се 21 лице за изборни измами, меѓу кои и врвот на ВМРО-ДПМНЕ: Никола Груевски, Мартин Протоѓер, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска-Бошковски, Леко Ристовски. Првпат на обвинителна клупа ќе седне и Илија Димовски. СЈО бара на обвинетите да им се конфискува имот во вредност од 2,2 милиона евра.

В. Маглешов

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико