Начин на остварување на правата на потрошувачите кај производи со недостаток | Правдико

Правдико

   

Начин на остварување на правата на потрошувачите кај производи со недостаток

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Screenshot_2За да ги оствари своите права, потрошувачот е должен да приложи фискална сметка за производот, односно јасно видлива и читливо напишана сметкопотврда или фактура, а за оние производи кои се под гаранција и гарантен лист.

Трговецот или производителот е должен да го прими производот со недостаток од потрошувачот и да ги задоволи неговите барања, освен ако не докаже дека недостатоците на производот настанале поради повреда на правилата за употреба и чување од страна на потрошувачот, трети лица или виша сила. Доставувањето на производи погабаритни од 1м3, или потешки од 10 кг, заради поправка, процена, замена или враќање на потрошувачот, се остварува бесплатно од страна на трговецот.

Во случај на неисполнување на оваа обврска и во случаите кога во местото на живеење на потрошувачот нема трговец или производител, доставувањето и враќањето на производот може да го направи самиот потрошувач. Во таков случај, трговецот е должен да му ги надомести неопходните трошоците кои се поврзани со доставувањето и враќањето на производите.

Целото издание можете да го превземете ТУКА

Поврзани статии:

– Фискализација – права на потрошувачите

– Кои се вашите права како потрошувач?

– Нотаријатот поблиску до граѓаните – прирачник за потрошувачи

– Права на потрошувачите кај производи со недостаток

– Закон за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити

– Водич за правата на потрошувачите

– Вашите права при договори за потрошувачки кредити

Партнери на Правдико