Над 1 000 деца годишно поминуваат низ судските лавиринти | Правдико

Правдико

Виртуальное казино Vavada предлагает своим посетителям множество азартных игр, включая популярные слоты, рулетку и покер, а также другие развлечения. Главные достоинства Vavada - это простота использования интерфейса и обширный ассортимент игровых автоматов. Казино Vavada привлекает пользователей разнообразием бонусов и акций. Необходимо помнить о потенциальных рисках, связанных с азартными играми, и важно играть ответственно, устанавливая разумные лимиты на ставки.

   

Над 1 000 деца годишно поминуваат низ судските лавиринти

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

1 583 деца биле повикани во полициските станици во 2017 година заради разни причини.Од нив, 38% (или 596) деца го искористиле правото на бранител, ова го покажува Извештајот на „Сојузот за превенција на престапништво и малолетничка деликвенција“. Секоја година, околу 1000 деца се во контакт со правосудниот систем како осомничени, сторители, сведоци и жртви на насилство и криминал.

Со цел да се унапредат знаењата и вештините на адвокатите кои постапуваат со деца кои се во контакт со законот, министерката за правда Рената Десковска, Бенџамин Перкс, претставник на УНИЦЕФ, Љубомир Михајловски, претседател на Адвокатската комора и Лазар Нанев, претседател на невладината организација „Сојуз за превенција на престапништво и малолетничка деликвенција“ денеска потпишаа Меморандум за соработка за да се унапредат знаењата и вештините на адвокатите кои постапуваат со деца кои се во контакт со законот.

„Со овој Меморандум за соработка ја потврдуваме нашата подготвеност за целосно почитување на најдобриот интерес на сите деца во контакт со законот и наша посветеност да се обезбеди нивна заштита низ целиот процес, особено за децата жртви на насилство, злоупотреба и запоставеност”, рече Дескоска.

Преку овој договор адвокатите кои работат со деца во контакт со законот ќе добијат специјализирани обуки, ќе се воспостави координација помеѓу сите вклучени институции и унифициран систем за прибирање податоци со меѓуресорска соработка.

„Кога ја гледаме состојбата на децата кои влегуваат во контакт со законот како жртви, сведоци или сторители, мора да се земат предвид два аспекти. Првиот е да се заштитат децата од секундарна виктимизација во текот на законската постапка бидејќи тие се веќе трауматизирани; и вториот аспект на кој работиме е да се спречи циклусот на криминално живеење кај децата кои се во судир со законот. Затоа е важно систем на правда во земјата да се усогласи со меѓународните и ЕУ стандарди за правда за децата, и најдобриот интерес на децатада биде заштитен во секоја фаза од постапката”, рече Бенџамин Перкс, претставник на УНИЦЕФ.

Според Законот за правда за деца, адвокатите кои ги застапуваат децата кои се во контакт со законот се обврзани еднаш годишно да посетуваат пет дена специјализирана обука за правда за деца.

Секоја година, околу 1000 деца се во контакт со правосудниот систем како осомничени, сторители, сведоци и жртви на насилство и криминал. Поради тоа, постои суштинска потреба од специјално обучени адвокати кои знаат како да работат со деца не само во случаите кога децата се сторители на кривични дела, туку и кога децата се жртви и сведоци.

„Соработката помеѓу УНИЦЕФ, Министерството за правда, Адвокатската комора и Советот за превенција на малолетничка деликвенција ќе овозможи секое дете да добие правна заштита во правосудниот систем. Законите постојат, имаме прирачници и стандардизирани процедури кои даваат практични насоки за јакнење на примената на Законот за правда за деца, Законот за кривична постапка и Законот за граѓанска постапка, меѓутоа, знаењата и вештините на сите практичари кои работат со деца мора постојано да се надградуваат”, рече Лазар Нанев, судија и претседател на невладината организација „Сојуз за превенција на престапништво и малолетничка деликвенција”.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико