Правдико

   

Џаникли: Над 110 терористи се убиени при операцијата „Еуфратски штит“ во Сирија

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Од почетокот на турската операција „Еуфратски штит“ во Сирија се убиени четворица и ранети 19 турски војници, додека турските сили за безбедност ликвидирале над 110 војници на Исламската држава, Силите за заштита на народот и Партијата на демократскиот сојуз, изјави денеска турскиот вицепремиер Нуретин Џаникли, јави ТАСС.

07092016233450_web_nurettin

Тој додаде, дека поддржаната од Турција, опозициона сириска армија (ССА) изгубила 16 борци, а 27 нејзини членови се ранети при операцијата.

Џаникли истакна дека турските воено-воздухопловни сили и ССА успеале да  ослободат од терористите голема територија и ССА со поддршката на турската војска „може да влезе подлабоко во сириската територија„.

Според зборовите на вицепремиерот, сириските курдски борци не се стационирале целосно на исток од реката Еуфрат, како што Турција настојува, стравувајќи од движењето на поддржаните од САД Сили за заштита на народот во северна Сирија.

Џаникли, објасни дека Анкара води преговори со други земји за создавање на зона за забренети летови во северниот дел на Сирија.

– Засега преговорите не го даваат резултатот кој го сакаме, но нашите контакти продолжуваат, нагласи тој.

Вицепремиерот истакна дека Сиријците од Џараблус и другите градови започнале постепено да се враќаат во нивните домови, а Турција е подготвена за нив за постави шатори за привремено сместување и да им даде хуманитарна помош.

Џараблус, кој беше во рацете на ИД, е првиот град кој е преземен од турската војска и нејзините сојузници во операцијата „Еуфратски штит“ која започна на 24 август.

Извор: Нова Македонија

Партнери на Правдико