Над 120 милиони евра пронајдени во готовина кај руски антикорупционер | Правдико

Правдико

   

Над 120 милиони евра пронајдени во готовина кај руски антикорупционер

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

imageПовеќе од 120 милиони евра во готовина се откриени во станот на висок функционер за борба против корупцијата во Русија, по што тој бил сместен во притвор, објавија руските власти.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече во понеделник пред новинарите дека претседателот Владимир Путин е информиран, при тоа додавајќи дека антикорупциската борба „е сложен и тежок процес“.

Дмитриј Захарченко, функционер на огранокот на руската агенција за борба против економски криминал, поврзана со министерството за внатрешни работи, е сместен во сабота во притвор под обвинение за ‘масовна корупција’ и злоупотреба на власта.

Истражителите во петок откриле во еден стан што припаѓа на негови роднини, како и во неговиот автомобил, банкноти во износ поголем од 120 милиони евра во разни валути.

Руските медиуми објавија фотографии од парите складирани во картонски кутии и пластични вреќи.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико