Над 200 лица уапсени во протестите против полициското насилство во САД | Правдико

Правдико

   

Над 200 лица уапсени во протестите против полициското насилство во САД

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Повеќе од 200 луѓе се уапсени во САД за време на протестите минатата ноќ против полициското насилство врз Афроамериканците, соопштија локалните власти.

policija-sad

Гневот на Американците поради убиството на двајца Афроамериканци минатата недела од страна на полицијата не стивнува, а меѓу уапсените демонстранти се наоѓаат и истакнати активисти на движењето „Животите на црномурестите се важни“.

Повеќето протести биле мирни, а најмногу демонстранти се собрале во Њујорк, Лос Анџелес и Сан Франциско.

Властите тврдат дека во Сент Пол во Минесота избиле големи немири, во кои се уапсени 102 лица.

Демонстрантите блокирале автопат и ги нападнале полицајците со камења, шишиња, пиротехнички средства, Молотови коктели и метални шипки.

– Во судирите се повредени 21 припадник на полицијата, а еден од нив се здобил со повреди откако од еден надвозник врз глава му било фрлено парче бетон од 12 килограми, изјави портпаролот на полицијата Стив Линдерс.

Во градот Батон Руж биле уапсени над 100 демонстранти.

Извор: Утрински Весник

Препорачуваме

Партнери на Правдико