Над 200 полицајци од Берлин нема да го обезбедуваат самитот Г-20
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Скандалот со над 200 берлински полицајци, кои што се суспендирани од своите работни места предизвика безбедносни проблeми за организаторите на Самитот на 20 најразвиени земји, кој ќе се одржи за две недели во Хамбург.
Откако во јавноста протекоа слики на полицајците како водат љубов на јавни места и уринираат на улица овие полицајци се одстранети од листата на силите за безбедност кои треба да ги обезбедуваат светски лидери.
Според соопштението на полицијата во Берлин инцидентот се случил по роденденска забава на двајца полицајци во полициски контејнер.
Според полицијата во Берлин, полицајците чија забава траела до 6.30 изутрина а преку социјалните мрежи информациите за забавата стигнаа до јавноста, „Се млади мажи и жени кои што сакаат да се забавуваат и кои се само луѓе“.
Предходно самитот Г-20 се соочи со уште еден безбедносно – дипломатски проблем откако кабинетот на турскиот претседател Ердоган беше замолен во Хамбург да не ги носи своите членови на обезбедувањето поради инцидентот во Вашингтон по средбата на Ердоган со претседателот Трамп, во кој турското обезбедување се степа со демонстранти.
Извор: Нова Македонија