Над 400 осудени поради постизборните протести во Белорусија
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Повеќе од 400 лица се осудени досега во брутална акција на властите против демократските демонстранти во Белорусија, по спорните претседателски избори пред седум месеци.
„До денес, обвинителите испратија 468 кривични предмети до судовите против 631 лице во врска со учество во нелегални масовни настани и протести кои грубо го нарушуваат јавниот ред“, соопшти Канцеларијата на генералниот обвинител на 17 март, додавајќи дека од тие случаи испратени до судовите, „повеќе од 400 лица се веќе осудени“.
Според Канцеларијата, осомничените се обвинети за „насилство и закани“ против припадници на органите за спроведување на законот, јавно навредување, оштетување на приватен имот и исмевање на државните симболи.
Белорусија е сведок на секојдневни протести против Александар Лукашенко, кој тврди дека победил на претседателските избори на 9 август со огромно мнозинство и покрај обвинувањата за широка измама. Повеќе од 30.000 луѓе се приведени, стотици претепани, неколкумина убиени, а и новинари се цел на владината акција.
Лукашенко, која ја водеше Белорусија од 1994 година, и највисоките функционери, се под санкции од Западот, кој одбива да го признае за легитимен лидер на поранешната советска република.
Извор: Радио Слободна Европа