Правдико

   

Над 44 илјади неважечки ливчиња во првиот круг

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

На изборите ДИК во првиот круг досега утврди вкупно 44.481 неважечки гласачки ливчиња. Бројот на неважечки ливчиња е поголем за нешто над 6000 од оној за изборите за градоначалник во 2013, кој по двата круга беше 38.787.,

Бројот на неважечки ливчиња на парламентарните избори во 2014 година бил 23.428, но, тогаш се уважувале и ливчиња на кои имало ненамерна чкртаница, или други отстапувања. На претседателските избори во 2009 година имало приближно исто како и на вчера на првиот круг од гласањето, 45.513 неважечки ливчиња.

Причината за нив е поради строгото упатство издадено до избирачките одбори, според кое, се уважуваат гласачките ливчиња на кои броевите биле заокружени. На оние гласачи, кои бројот го обележале со триаголник, квадратче, го штиклирале или заокружиле со фломастер што си го донеле од дома, ливчињата не им се уважени.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико